Добра вест од Владата: Младинскиот спорт се враќа на терените

Македонија беше единствената земја во Европа во која не се играше младинскиот спорт поради пандемијата со ковид-19 и беше во целост во прекин, но од денес, ситуацијата е поинаква откако Владата даде зелено светло за натпревари.

На последната седница Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски категории.

Тоа значи дека категориите пионери, младинци и кадети се враќаат на програмата по долга пауза и ќе може да играат меѓусебни натпревари во домашните натпреварувања без приложен сертификат за вакцинација.

Сепак, останува препораката од надлежните здравствени власти да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст па натаму.