Доби отказ од БСК, а сега го менува Гатузо во Олимпик Марсеј

Управата на францускиот гигант, Олимпик Марсеј, реагираше експресно по отказот за Џенаро Гатузо и за нов тренер на тимот го постави искусниот домашен стратег, Жан-Луи Гасе. 

Францускиот тренер доаѓа во Марсеј откако доби отказ во репрезентацијата на Брегот На Слоновата Коска, и ова за него ќе биде враќање на клупските обврски после скоро три години. 70-годишниот Гасе во кариерата претходно ги водеше Каен, Истрес, Монпеље, Сент-Етјен и Бордо, а сега првпат ќе седне на клупата на Олимпик. 

Детали за договорот не се откриени, но се претпоставува дека Гасе се обврзал на соработка до крајот на следната сезона, по што ќе се одлучи дали ќе се задржи подолго во клубот. Тој доаѓа на местото на Италијанецот Гатузо, кој на клупата се задржа само шест месеци.