• Саше Љолес

Голманот на Манчестер Сити, Штефан Ортега, добива нов договор од управата на „граѓаните“ и ќе се задржи во тимот најмалку до 2026 година. Новата соработка доаѓа на инсистирање на Пеп Гвардиола, кој е задоволен од неговите настапи и учинокот во клубот.
Резервниот голман на „граѓаните“ одигра една од клучните улоги кон крајот на изминатата сезона во Премиер лигата. Го чуваше голот во моментите кога беше повреден Едерсон и во неколку наврати спаси многу важни бодови за својот тим кој на крајот четврти пат во низа ја освои титулата во елитниот англиски фудбал.
31-годишниот Ортега пристигна во Сити пред две години од Арминија Билефелд и досега одигра 34 натпревари во небесно-синиот дрес. Освои две титули во Премиер лигата, една во ФА Купот и една во Лигата на шампионите.