• Мартин Танасковски

Фудбалската репрезентација на Црна Гора по голема борба триумфира кај Бугарија (0-1) и успешно ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2024 година ќе се игра во Германија.
Црногорците иако беа без селектор поради црвениот картон на Радуловиќ на претходната средба, успеаја да слават кај нашиот источен сосед. Во Разград падна само еден погодок и така балканската селекција освои важни бодови.
Во првиот дел видовме повеќе шанси за гол. Бугарија беше поконкретна, но немаше завршница. Најдобрата можност ја имаше Спас Делев кој шутираше над голот од зицер позиција. Во вториот дел во игра влезе Стеван Јоветиќ и доста ја размрда Црна Гора, тоа донесе гол во 70. минута кога по една сјајна акција погоди Никола Крстовиќ, за конечни 1-0.
- Извештај од натпреварот:
Во следната рунда закажана на 27 март, Црна Гора игра против Србија во Подгорица, додека Бугарија ќе гостува кај Унгарија.