Добар евро-настап, многу значи: Тетовчани ја наполнија касата со 6.000.000 евра!

Одличниот успех на Шкендија во Конференциската лига и пласманот во плеј-офот на натпреварувањето на УЕФА ја наполни касата на актуелниот македонски фудбалски шампион. 

Веќе беше познато дека тетовчани досега заработија 5,8 милиони евра, а сега стануваат побогати за уште 200.000 евра, кои ги инкасираат како учесник во плеј-офот, што значи дека клупската каса е побогата за 6.000.000 евра од досегашните настапи.

Црвено-црните со настапот во плеј-офот ќе имаат можност и за нова заработка, секако, ако успеат да остварат позитивни резултати.

Шкендија по формирањето на финалниот ранкинг во плеј-оф фазата ќе се сретне со Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција. Доколку минат понатаму, ривал ќе биде Шахтјор Доњецк или Рајо Ваљекано.