Доаѓа „жежок“ август со елитен фудбал: Распоредот на сите европски мечеви

Август ќе биде месец на европските купови, затоа што завршниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе стартуваат, но под посебни околности, без публика и на неутрални терени.

Возбудувањата стартуваат од 5 август, а во периодот до 23 август ќе има само три дена пауза од европски фудбал. Тука се и квалификациските рунди кои ќе се играат по нов формат, затоа што наместо стандардниот двомеч, ќе се игра по еден натпревар.

  • ТЕРМИНИ НА ЕВРОПСКИТЕ МЕЧЕВИ:

5 август - осминафиналиња во ЛЕ
Копенхаген - Башакшехир (0-1)
Шахтјор - Волфсбург (2-1)
Интер - Хетафе (еден меч)
Манчестер Јунајтед - Ласк (5-0)

6 август - осминафиналиња во ЛЕ
Баер Леверкузен - Ренџерс (3-1)
Севиља - Рома (еден меч)
Базел - Ајнтрахт Франкфурт (3-0)
Вулверхемптон - Олимпијакос (1-1)

7 август - осминафинални реванши во ЛШ
Јувентус - Лион (0-1)
Манчестер Сити - Реал Мадрид (2-1)

8 август - осминафинални реванши во ЛШ
Барселона - Наполи (1-1)
Баерн - Челзи (3-0)

10 август - четвртфинале во ЛЕ
Волфсбург/Шахтјор - Ајнтрахт/Базел
ЛАСК/Манчестер Ј. - Башакшехир/Копенхаген

11 август - четвртфинале во ЛЕ
Интер/Хетафе - Ренџерс/Леверкузен
Олимпијакос/Вулверхемптон - Рома/Севиља

12 август - четвртфинале во ЛШ
Аталанта - ПСЖ

13 август - четвртфинале во ЛШ
Лајпциг - Атлетико Мадрид

14 август - четвртфинале во ЛШ
Јувентус/Лион - Манчестер Сити/Реал Мадрид

15 август - четвртфинале во ЛШ
Барселона/Наполи - Баерн/Челзи

16 август - полуфинале во ЛЕ
Олимпијакос/Волвс/Рома/Севиља - ЛАСК/Ман.Ј/Башакшехир/Копенхаген

17 август - полуфинале во ЛЕ
Волфсбург/Шахтјор/Франкфурт/Базел - Интер/Хетафе/Ренџерс/Леверкузен

18 август - полуфинале во ЛШ
Јуве/Лион/Сити/Реал Мадрид - Барса/Наполи/Баерн/Челзи
*1. квалификациско коло за ЛШ 2020/21

19 август - полуфинале во ЛШ
Аталанта/ПСЖ - Лајпциг/Атлетико Мадрид
*1. квалификациско коло за ЛШ 2020/21

21 август - финале на ЛЕ

23 август - финале на ЛШ

25 август - 2. квалификациско коло за ЛШ
26 август - 2. квалификациско коло за ЛШ
27 август - 1. квалификациско коло за ЛЕ