• Саше Љолес

Уругваецот Луис Суарез изгледа дека не го променил своето однесување и уште еднаш го навлече гневот на спортската јавност поради неговото недолично однесување.
Интер Мајами испадна од КОНКАКАФ Лигата на шампионите по поразот од екипата на Монтереј (1-3), а камерите на овој меч го забележаа Суарез како неспортски му ја витка раката на противнички играч, но не доби никаква опомена од судиите.
Навивачите веднаш го осудија овој момент и бараат дисциплинска мерка за уругвајскиот ветеран, а челниците на КОНКАКАФ најавија дека ќе го разгледаат слуачјот. Суарез би можел да заработи суспензија од најмалку четири натпревари.