Дита: Во Албанија бев шампион, истото го сакам и со Шкендија

Поранешниот македонски шампион Шкендија денес го претстави своето ново засилување, откако од албански Скендербег го ангажираше искусниот Бруно Дита.

27-годишниот играч за врска со тетовчани потпиша договор на две години, а веднаш по официјализацијата, за клупската веб страница ги искажа очекувањата од новиот предизвик. 

„Среќен сум и задоволен што ќе играм за Шкендија, мислам дека го направив вистинскиот избор и ќе дадам сè од себе за тимот да ги оствари зацртаните цели. За премин во Шкендија се решив затоа што сум слушнал само убави нешта за овој клуб, знам дека пристапот е сериозен и тимот секоја година учествува во европските натпреварувања и целта секогаш е титулата во домашниот шампионат. Од Албанија си заминав како шампион со Скендербег, па се надевам дека уште во првата сезона во Македонија повторно ќе бидам шампион“, рече Дита.

Најголемото засилување на Шкендија предвидено е да дебитира следната недела на деветти август од 17:30 часот против Шкупи на „Чаир“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.