Директорот на Палермо: Не постојат никакви шанси да го продадеме Несторовски

Спортскиот директор на Палермо, Фабио Лупо, на еден начин стави крај на сите шпекулации околу иднината на нашиот голгетер, Илија Несторовски

Лупо за локалните медиуми изјави дека македонскиот репрезентативец сезоната ќе ја заврши во дресот на Палермо, односно интересот од Торино воопшто не го ставиле на маса на преговори, бидејќи не сакаат да го продадат својот капитен. 

„Нашиот трансфер пазар за продажби е затворен. Раководството одлучи да ги продава своите најдобри фудбалери. Тоа значи дека не постојат никакви шанси Несторовски оваа зима да нè напушти. Да, Торино имаше неколку обиди, но истите веднаш ги одбивме“, изјави Лупо. 

Палермо по половина сезона во Серија Б ја зазема челната позиција на табелата, а пролетната полусезона ќе ја стартува на 20 јануари против Специја