Директорот на Бугарија: Таков хулиганизам како во Македонија не проаѓа!

Извршниот директор на Фудбалската федерација на Бугарија, Борислав Попов, во изјава за „БНТ“ говореше за последниот натпревар со Македонија и најави казна за случувањата во Скопје.

Бугарската химна пред мечот беше исвиркана, а навивачите од трибините скандираа и навредливи пароли. Попов изјави дека УЕФА сигурно ќе ја казни Македонија, настанот го спореди со расизмот на мечот Бугарија – Англија.

„На нашиот меч свирежите беа многу помали, но делегатот ги внесе во записник. Колегите кои беа на натпреварот ми кажаа дека се е заведено. Таков хулиганизам не проаѓа. Пред три години ние добивме казна од 10.000 евра“, изјави Попов.

Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ заврши со триумф на гостинот (0-1) и така Бугарија заврши втора на табелата во групата на Лигата на нациите.