Директорот на Атлетико: Уште од март знам дека Гризман потпиша за Барса!

Атлетико Мадрид веќе со недели е во потрага по наследникот на Антоан Гризман. Французинот синоќа по натпреварот со својата репрезентација во Андора изјави дека одамна знае каде ќе игра следната сезона и потребно е уште малку трпение за трансферот да биде официјализиран.

Дека во прашање е Барселона открија неколку шпански весници, а потврда вечерва стигна од генералниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин. Тој интервјуиран на борба на бикови рече.

„Јас уште од март знам каде ќе игра Гризман. Ќе потпише за Барса“.

Можноста екипа од Англија или ПСЖ да го купат Гризман исчезна и сега се чека само 1 јули и моментот кога ќе биде активирана клаузулата од 200 на 120 милиони евра, за трансферот да биде официјален.

Гризман ќе биде третиот најскап фудбалер во историјата на Барселона по Дембеле и Кутињо и ќе го сочинува ударното трио на првакот на Шпанија заедно со Меси и Суарез.