Дини по црвениот картон „удри“ по Тореира: „Е*ена пи*ко!“ (ВИДЕО)

Трој Дини беше нервозен на натпреварот меѓу Вотфорд и Арсенал, затоа што доби директен црвен картон од страна на главниот судија, поради удар со лакт во лицето на Лукас Тореира.

Натпреварот заврши со триумф на гостите (0-1), но се можеше да биде поианку, да не беше смешниот примен гол во 10. минута, па црвениот картон на Дини една минута подоцна.

Фудбалерот на Вотфорд по еден дуел удри во лицето на Тореира, а судијата му покажа црвен картон. Домашните протестираа, тврдеа дека одлуката е престрога, но арбитарот си остана на одлуката.

По една вербална дискусија, Дини не штедеше зборови, па „удри“ по Тореира и го нарече „е*ена пи*ка“.

  • Моментот по црвениот картон на Дини:

Сето тоа го забележаа камерите, па членот на Вотфорд за пцовките би можел да добие дополнителна санкција од ФА.