ВИДЕО: Династијата продожува - прв гол на Даниел Малдини за Милан

Трета генерација на фудбалери од семејството на Малдини се запиша меѓу стрелците во редовите на Милан. 

По Чезаре и Паоло, Даниел кој за разлика од претходниците од дефанзивата ќе има поголеми шанси да се запишува во листата на стрелци, го постигна првиот гол за „росонерите“. 

Даниел Малдини беше стрелец за Милан во триумфот против Монца од 4-1, каде деби голови дадоа и младите Калулу и Коломбо.

  • Голот на Даниел Малдини: 

Подмладокот на семејството Малдини одигра одлично двојно проигрување со младиот напаѓач Робак и стрелаше без многу размислување против Монца за предност.