• Горан Упале
Динамо Загреб продолжува со потрагата по нов голман, а последното име кое се поврзува со хрватскиот шампион е ирскиот репрезентативец Гевин Базуну.
„Модрите“ сакаат да ја засилат голманската позиција, но не планираат да издвојат голема сума. Поради тоа засега не успеаја да го вратат Доминик Ливаковиќ, за кого Фенербахче бара околу четири милиони евра. Сепак, преговорите за негово враќање сè уште не се целосно затворени.
Како нова опција се појави Базуну, кој нема сигурно место во Саутемптон и во претходниот период настапуваше на позајмици. Во кариерата беше дел и од Манчестер Сити, Рочдејл и Портсмут, а има запишано и 22 настапи за репрезентацијата на Република Ирска.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




