• Саше Љолес
Хрватскиот клуб Динамо Загреб постави нов рекорд по број на членови. Клубот денеска ја надмина минатогодишната бројка од 65.243 членови, која дотогаш беше најголема во историјата.
Од клубот истакнаа дека новиот рекорд не е само статистика, туку доказ за поврзаноста, лојалноста и поддршката од навивачите.
„Ако го сакаш Динамо – тогаш тука припаѓаш“, порачаа од клубот, со очекување дека бројката ќе продолжи да расте.
Сепак, кога станува збор за најголем број членови во Хрватска, лидер останува Хајдук Сплит, кој во 2026 година веќе има 103.310 членови, речиси 40 илјади повеќе од Динамо.
Ривалството на овие два клуба продолжува да биде меѓу најголемите на Балканот, но Хајдук покажува дека неговите бројки се неприкосновени кога се работи за армијата навивачи што го поддржуваат сплитскиот клуб.




