Динамо Загреб ретко греши, но Легија може да биде „коска“

Доби Динамо „коска“ во вид на Легија во квалификациите за Лигата на шампионите. Ждрепката не беше наклонета кон „модрите“, топчињата ја споија со Легија, која по неколку сезони конечно личи на тим кој може да направи нешто повеќе во квалификациите.

Сепак, иако Легија го унапреди тимот и играта, потребен ѝ е голем „скалп“ за да се увери дека навистина може многу. А, елиминација на Динамо би спаѓала меѓу тие победи. Загрепчани блескаа лани во Лигата на Европа, го фрлија на колена Тотенхем, но во новата не тргнаа онака како што очекуваа.

>>> Сите квоти на Динамо Загреб - Легија во MOZZART

Додуша, само на домашен фронт. Во квалификациите за Лигата на шампионите сè оди според зацртаниот план. До Легија, „модрите“ дојдоа преку Валур и Омонија, но поради обврските на меѓународната сцена трпеа резултатите во домашното првенство. Шампионот загуби од Славен на „Максимир“, а во пресрет на дуелот со Легија, четата на Дамир Крзнар одигра фантастичен натпревар против Ријека, но победата изостана и покрај голеадата (3-3).

И Легија како Динамо има четири победи на четирите европски двобои. Прво падна Бодо/Глимт, а потоа и Флора Талин. Но, полскиот тим остана без Суперкупот. Во лигата се половични и тоа е показател дека сите карти се фрлени на Европа. Фокусот на двете екипи е на нивниот меѓусебен дуел и понатамошниот тек на европските квалификации.