• Горан Упале

Динамо Загреб направи огромен чекор кон пласман во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампионите, откако убедливо го совлада литвански Жалгирис со 5-0 во првиот натпревар од третото квалификациско коло.
Хрватскиот шампион уште во првото полувреме создаде сигурна предност со головите на Марко Зајц во 31. и Скот Мекена во 33. минута. Во продолжението Марко Лисица во 51. минута зголеми на 3-0, Лука Стојковиќ погоди за 4-0 во 76. минута, а конечните 5-0 ги постави Лука Качавенда во судиското продолжение.
Со оваа убедлива победа, Динамо практично го обезбеди пласманот во следната рунда, а реваншот во Литванија треба да биде само формалност за „модрите“.
За разлика од хрватскиот шампион, францускиот гигант Лион не ја оправда улогата на фаворит и го загуби првиот натпревар против Спарта Прага со 2-1, додека Ројал Унион Сент Жилоа и Бодо Глимт одиграа ефикасен натпревар со шест погодоци (3-3).







