Динамо Загреб од следната сезона ќе игра директно во ЛШ!?

Хрватскиот шампион Динамо Загреб следната година би можел да ги прескокне квалификациите и директно да влезе во Лигата на шампионите.

За тоа треба да се исполнат два услови, пишува „Фудбал Митс Дата“. Првиот услов за Динамо е секако одбрана на титулата хрватски шампион, додека вториот е Глазгов Ренџерс да не биде шампион на Шкотска, што може лесно да се случи затоа што Селтик доминира во лигата.

Динамо на листата го мина украинскиот првак Шахтјор Доњецк по коефициентот и сега е на второто место зад шкотскиот шампион Глазгов Ренџерс со коефициент 48.000.

Ренџерс моментално има коефициент 55.000, па доколку Ренџерс не биде шампион на Шкотска, Динамо лесно би можел да го престигне и така да обезбеди директно учество во Лигата на шампионите.