Динамо Загреб меѓу најдобрите ДЕСЕТ клубови во светот по заработка од трансфери

Меѓународниот Центар за спортски студии (CIES), со седиште во Нојшател, Швајцарија, објави нова студија. Инаку, CIES Football Observatory (Меѓународен центар за спортски студии) објавува истражување за фудбалот врз основа на анализа на серија статистички податоци од 1995 година.

Во своето ново истражување, CIES објави листа на најпрофитабилните клубови на трансфер пазарот, односно оние со најголема разлика помеѓу парите потрошени за влезни и парите заработени за излезни трансфери.

Во предвид беа земени последните десет сезони, а интересно е тоа што актуелниот хрватски шампион Динамо Загреб е на десеттото место со 253 милиони евра добивка во споменатиот период. На врвот е португалска Бенфика со 732 милиони евра добивка. Очекувано на оваа листа не се најде ниту еден клуб од Англија, Германија, Италија и Шпанија.

Топ 10 клубови по профит од трансфери:
  1, Бенфика
  2. Ајакс
  3. Монако
  4. Салцбург
  5. Спортинг Лисабон
  6. Лил
  7. Порто  
  8. ПСВ Ајндховен
  9. Лион
10. Динамо Загреб