• Иван Димовски

Перспективниот стопер и активен капитен на холандски Витесе, Данило Доехи е пред трансфер. За неговите услуги интерес покажаа Наполи и Ренџерс, ама во трката во последен момент се вклучи и Динамо Загреб.
Наполи со сигурност е најпосакувана дестинација на 23-годишникот, но клубот од Италија сè уште нема доставено официјална понуда. Ренџерс испрати понуда, но самиот Доехи не сака да се пресли во Шкотска, па така во пол-позиција за потписот изби Динамо.
Хрватскиот гигант каде што настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски сака да ја искористи ситуацијата и да го „украде“ планираното засилување на Наполи и Ренџерс. Капитенот на Витесе е спремен за трансфер, а политиката и организацијата на Динамо Загреб може да му помогне за евентуален следен трансфер.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.