Динамо Загреб го победи Хајдук и го донесе Филип Антовски

Македонскиот младински репрезентативец и вардаров талент Филип Антовски на 18 години почнува интернационална кариера и во иднина ќе го носи дресот на Динамо Загреб.

Антовски, кој важеше за еден од најголемите таленти во „црвено-црниот“ дрес, настапува на левата бековска позиција. Динамо Загреб успеа да го обезбеди неговиот потпис, но во иднина македонскиот фудбалер ќе настапува во вториот тим на „модрите“ за да стекне искуство.

У19-репрезентативецот на Македонија беше интересен и за Хајдук Сплит, но Динамо Загреб успеа да го победи лутиот ривал на трансфер-пазарот и да го донесе нашиот фудбалер во своите редови.