• Мартин Танасковски
Ел Араби Хилал Судани, алжирскиот фудбалер кој ги брани боите на Динамо Загреб потпиша нов договор со хрватските „модри“ според кој стана најплатен фудбалер на просторите на поранешна Југославија.
Судани имаше многу понуди, меѓу кои беа и супербогатите од Кина, но реши да потпише нов договор со Динамо Загреб според кој ќе заработува милион евра по сезона и ќе стане најплатен фудбалер на екс-ју просторите.
„Предолго размислував, но моето семејство го сака Загреб, па решивме да останеме тука. Имав подобри понуди од Кина, но парите не се замена за среќата. Сите ме ценат, имам уште многу да му дадам на Динамо. Сигурен сум дека заедно ќе славиме титула“, изјави Судани.
Напаѓачот ќе остане во Загреб до 2020 година и ќе биде главен адут на Динамо Загреб во битката за титулата во Хрватска.





