Динамо Загреб го донесе најскапото засилување во историјата

Хрватскиот напаѓач Дион Дрена Бељо од вечерва е нов член на Динамо Загреб, потврдија од клубот.

23-годишниот Бељо пристигнува од германскиот Аугсбург, каде што беше под договор од 2023 година. Изминатата сезона ја мина на позајмица во австрискиот Рапид Виена, каде се истакна со 19 погодоци на 49 натпревари.

Според хрватските медиуми, трансферот на Бељо е најскапиот во историјата на загрепскиот клуб. Динамо ќе плати основна сума од четири милиони евра, а со дополнителни бонуси вредноста може да достигне до 7,5 милиони евра.

Младиот напаѓач има два настапа за сениорската репрезентација на Хрватска и важи за еден од најперспективните фудбалери од својата генерација.

ФОТО: GNK Dinamo Zagreb / Facebook

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.