Динамо Загреб без Адеми гостува кај Хајдук во Купот на Хрватска?

„Вечните“ ривали на хрватскиот фудбал, Хајдук и Динамо Загреб попладнево од 19:00 часот на „Пољуд“ ќе го одиграат полуфиналето на Купот на Хрватска.

Тоа е втора пресметка на овие две екипи за само неколку дена, откако Динамо забележа минимална победа во првенството.

Но, неколку часа пред натпреварот пристигнуваат изненадувачки вести. Како што дознава „Германијак“, тренерот на Динамо Сергеј Јакировиќ одлучил дека меѓу дваесетте играчи на „Пољуд“ не му е потребен Аријан Адеми.

Адеми на почетокот на неделата не можеше да тренира со полна сила поради отечен зглоб, но во вторникот тренираше нормално и се очекуваше вечерва во Сплит да не биде во стартниот тим, туку на клупата за резерви, но очигледно ништо ни од тоа.