ВИДЕО: Динамо на Ристовски и Адеми „гази“ во Европа, крај за Лестер!

Динамо Загреб

Македонија ќе има свои претставници во осминафиналето на Лига Европа, откако денес Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми го победи Краснодар (1-0) и убедливо се пласира во следната фаза од натпреварувањето.

Двата македонски фудбалери беа дел од стартниот состав на Зоран Мамиќ. Тие одлично си ја завршија својата задача и помогнаа во новиот голем успех на хрватскиот првак.

  • Динамо Загреб - Краснодар 1-0:

По половина час игра во првиот дел пристигна моментот на одлука. Одличната асистенција на Јакиќ беше претворена во победнички погодок од страна на Орсиќ. До крајот домашниот тим покажа цврстина во одбраната и не дозволи да му даде никаква надеж на рускиот претставник.

  • Лестер Сити - Славија Прага 0-2: 

Големо изненадување приреди Славија Прага која славеше на „Кинг Пауер“ и го елиминира фаворизираниот Лестер Сити (0-2). „Лисиците“ на Брендан Роџерс имаа повеќе од играта, но Провод во раната фаза од второто полувреме го шокира противникот и го најави пласманот на својата екипа, кој подоцна го потврди Сима.

Патник во осминафиналето е и Манчестер Јунајтед кој немаше големи проблеми да ја сочува огромната предноста стекната на првиот дуел со Реал Сосиедад. Овојпат на „Олд Трафорд“ екипите одиграа неефикасен меч без голови (0-0).

  • Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 0-0: 

Ојарзабал имаше голема шанса од пенал, но го промаши цел гол и не успеа да го израдува шпанскиот тим. Казна можеше да биде сервирана на спротивната страна кога Туанзебе се најде на вистинското место и запиша гол за „црвените ѓаволи“, кој беше поништен поради прекршок.

  • ПСВ Ајндховен - Олимпијакос 1-2:

Супер-интересниот двомеч меѓу ПСВ Ајндховен и Олимпијакос заврши во полза на грчкиот гигант (2-1). Избраниците на Шмидт запишаа домашна победа со двата гола на Захави, но голот во завршницата на Кока донесе вкупен резултат од 5-4 во корист на гостите од Пиреја.