Динамо со гол во последните секунди го сруши лидерот во ХНЛ!

Динамо Загреб апсолутно се врати во трката за шампион на Хрватска, откако славеше во дербито на 24. коло против Ријека со 1-0 (0-0). „Модрите“ ги израдуваа своите навивачи на полниот „Максимир“, откако со гол во 95. минута дојдоа до трите бода. 

Во релативно израмнето дерби Динамо беше за нијанса подобра екипа на теренот во Загреб. Двете екипи не ги користеа своите шанси и на семафорот долго стоеше стартниот резултат (0-0). Веројатно многумина очекуваа крај со делба на пленот, меѓутоа трагичар на Ријека беше Бруно Года кој направи пенал врз Спикиќ во судиското продолжение.  Одговорноста ја презеде Фран Бродиќ, па во последните секудни стрела од единаесет метри за конечните 1-0. 

На овој натпревар стартер за домаќините беше Стефан Ристовски и играше до пред самиот крај на мечот, додека Аријан Адеми беше резервист и влезе во игра во 58. минута.

Со оваа победа Динамо, освен што му нанесе удар на лидерот Ријека, го искористи и киксот на Хајдук вчера против Вараждин (1-1). Во моментов Ријека е првопласирана со 50 бода, Хајдук има еден помалку, додека Динамо е на 47 бода и натпревар помалку на контото.

Состави

Ненад Бјелица

3-5-2

    Radomir Dalovic

    3-5-2