ВИДЕО: Динамо слави среде Сплит и го најави походот кон нова титула во ХНЛ!

Екипата на Динамо Загреб го продолжува походот во хрватското првенство и извојува нова голема победа во вечното дерби против Хајдук Сплит, славејќи со убедливи 1-3 (1-3) во натпреварот кој се играше во рамките на 25. коло. 

„Модрите“ го најавија триумфот уште во првото полувреме, кога мрежата ја тресеа Зајц,  Видовиќ и Бакрар, а единствениот погодок за домашниот тим го постигна Рокас Пукшташ. 

Вторите 45 минути беа чиста рутина за гостите од Загреб, кои на крајот се радуваа на важна победа, со која сега имаат цели десет бода предност во однос на најголемиот ривал.

  • Извештај од натпреварот:

Динамо Загреб покажува знаци на моќ и сигурно чекори кон уште една шампионска титула во хрватската ХНЛ лига.