ФОТО: Динамо се пофали, ќе го гради најмодерниот стадион на Балканот

Динамо Загреб ги бележи најдобрите европски моменти во својата историја, настапува во четвртфиналето на Лигата на Европа, а сега своите фанови ги израдува со фотографии од презентацијата на новиот стадион. 

Клубот од главниот град на Хрватска ги покажа плановите на супер-модерниот стадион според УЕФА стандардни, кој ќе има визуелен изглед што дефинитивно ќе отскокнува во овој дел од Европа. Во соработка со градот Загреб, клубот објави дека новиот „Максимир“ ќе има 34.000 седишта, 3.000 места во ВИП секторот, како и посебно сместување за лица со инвалидитет. 

Шампионот на Хрватска каде што настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми и според квалитетот на тимот се издвојува на Балканот, тие се дефинитивно најквалитетни, а за три години играат и на најмодерниот стадион. 

Досега, во овој дел од Европа меѓу најубавите беше Арената „Тодор Проески“, но за жал новиот модернистички изглед на „Максимир“ ќе го засени нашиот најголем стадион.