ВИДЕО: Динамо се надмина и ја елиминира Легија, Лудогорец го исфрли Олимпијакос

Динамо Ристовски

Аријан Адеми остана на клупата, а Стефан Ристовски одигра цел меч за Динамо Загреб кој со победа на гости кај Легија (0-1) се најде во плеј-офот во Лигата на шампионите.

Бартол Фрањиќ во раната фаза од натпреварот погоди и стана херој на хрватскиот првак. По 20 минути игра полскиот претставник беше во негатива, па се обиде да одговори во продолжението. Имаше неколку закани, но ниту една за сериозно да му наштети на Доминик Ливаковиќ.

Лудогорец и Олимпијакос одиграа интересен двомеч, кој на крај му припадна на бугарскиот ривал. Тимот од Пиреја постигна повеќе погодоци на гости (2-2), но тоа не беше доволно за конечна победа.

  • Лудогорец - Олимпијакос 2-2 (2-4 по изведување пенали):

М'Виља донесе почетна гостинска радост, но тоа не ги обесхрабри домашните фудбалери. Тие започнаа одлично во вториот дел и многу брзо стигнаа до пресврт. Меѓутоа, нов удар на бугарската екипа ѝ зададе Ел Араби во 68. минута, кога со силен удар не му даде шанса на домашниот голман. Правилото гол во гости е укинато од оваа сезона, па мечот замина во продолженија. Олимпијакос го доврши мечот со човек помалку. Црвен картон заработи Осејну Ба во завршницата.

Откако немаше голови и по дополнителните 30 минути, пенал рулетот го одлучи победникот. Лудогорец ги погоди сите четири пенали, а Валбуена и Кока промашија за „црвено-белите“.

Монако уште еднаш беше убедлив во дуелот со Спарта Прага (3-1). По гостинското славје, избраниците на Нико Ковач го потврдија пласманот во следната фаза со три гола во мрежата на противникот.

  • Монако - Спарта Прага 3-1:

ПСВ Ајндховен одигра без голови кај Мидтјиланд, но обезбеди плеј-оф, а Шахтјор на домашен терен вторпат го совлада Генк (2-1).

  • Шахтјор - Генк 2-1:

Домашниот терен го искористи Јанг Бојс кој беше поуспешен од Клуж во второто соочување (3-1), а пласман во плеј-офот обезбедија Бенфика и Малме.

  • Бенфика - Спартак Москва 2-0: