• Мартин Танасковски
Екипата на Нотингем Форест со една нога е во следната рунда на Лига Европа, затоа што убедливо славеше во првиот натпревар против Фенербахче (0-3) кој се одигра на турско тло.
- Фенербахче - Нотингем Форест 0-3:
Англискиот премиерлигаш го одигра можеби најдоброто полувреме оваа сезона и го разнесе противникот пред својата публика. Фенербахче имаше високи амбиции, но изгледа дека нивниот европски пат тука завршува.
Натпреварот на „Шукру Сарачоглу“ го отвори Муриљо во 21. минута, а потоа пред финишот на првиот дел Игор Хесус зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Гибс Вајт во 50. минута по асистенција на Хесус.
- Динамо Загреб - Генк 1-3:
Пред елиминација е и Динамо Загреб, кој пред својата публика загуби од белгиски Генк со 1-3. Ел Ухади беше двоен стрелец за гостинот од Белгија, еднаш погоди Хајнен, додека за хрватскиот тим стрелаше Бељо пред паузата.
- Бран - Болоња 0-1:
Болоња забележа значајна победа и триумфира кај Бран во Норвешка (0-1). Триумфот го донесе Кастро со гол во 9. минута.
- ПАОК - Селта 1-2:
Победи и Селта Виго на гостувањето кај ПАОК со 1-2, Аспас и Сведберг погодија за тимот од Примера, додека за грчкиот претставник, Еремеев се запиша во листата на стрелците да го ублажи поразот.






