Динамо пред нова голема продажба: Сучиќ се сели во Интер!

Уште еден хрватски фудбалер се наоѓа пред голем интернационален трансфер. Петар Сучиќ наскоро би можел да стане нов член на Интер. Според хрватските медиуми тој ги договорил личните услови со Интер, останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.

Се очекува зделката да биде комплетирана во овој преоден рок, но Сучиќ да остане во Загреб до крајот на сезоната како позајмен играч.

Сучиќ е роден во Ливно, Босна и Херцеговина, но по настапот за младинската репрезентација на БиХ, реши да ја претставува Хрватска, за чија репрезентација дебитираше на Европското првенство во 2024 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.