• Иван Димовски
Динамо Загреб со убедливи 5-0 против Истра ја отвори новата сезона во Хрватската прва лига. Стрелци за „модрите“ во мечот беа Ронаел Пјер-Габриел, Кевин Теофил-Кетрин, Арбер Хоџа и двоен стрелец беше Сандро Куленовиќ, додека три асистенции запиша Мартин Батурина.
На овој натпревар специјален гостин на „Максимир“ беше поранешниот фудбалер на клубот, шпанската ѕвезда Дани Олмо. Одличниот офанзивен играч за врска беше во ложата на стадионот во Загреб и ги поздрави навивачите.
Исто така, Олмо на полувремето продефилира по теренот, дојде пред трибината на најверните навивачи „Бед Блу Бојс“ и облече дрес од Динамо. Шпанецот ја покажа поврзаноста со клубот бакнувајќи го клупскиот грб.
Dinamo Zagreb Dani Olmo
El español volvió al estadio que presenció sus primeras exhibiciones en la élite europea.
Y se besó el escudo. pic.twitter.com/MyJ3eMaMGg
— Migrantes del Balón (@migrantesbalon) August 3, 2024
Дани Олмо пристигна во Динамо во 2014 година како 16-годишно момче од Барселона. За речиси шест години тој собра 124 натпревари за клубот, а во 2020 година за 29 милиони евра се пресели во РБ Лајпциг.