Динамо повторно ќе се „опари“: Ја одреди цената за продажба на Оршиќ

Мислав Оршиќ е главна фудбалска тема во Хрватска во последниот период. Одличниот офанзивец на Динамо Загреб го привлече вниманието на европската фудбалска јавност, откако на дуелот со Тотенхем постигна три гола и го одведе својот тим во четвртфиналето во Лигата на Европа. 

Од редовите на хрватскиот шампион се свесни дека тешко веројатно ќе успеат да го сочуваат својот напаѓач и во следната сезона, па затоа ја одредиле цената за негов евентуален трансфер. 

Како што информираат тамошните медиуми, 28-годишниот фудбалер ќе добие дозвола да го напушти Динамо само во случај ако некој клуб понуди сума помеѓу 12 и 15 милиони евра. 

Меѓу заинтересираните клубови за Оршиќ се споменува и најголемиот ривал на Тотенхем, лондонски Арсенал, а во игра се и неколку клубови од Италија. Оваа сезона Хрватот одиграл вкупно 36 натпревари, на кои запиша 19 гола и осум асистенции.