• Иван Димовски
Фудбалерите на Динамо Загреб ја победија Горица (2-1), во рамките на четвртото коло на ХНЛ. На теренот на „Максимир“ имаше два македонски протагонисти, Стефан Ристовски за Динамо и Влатко Стојановски за Горица, а негостигаше Аријан Адеми кој е повреден.
Шампионот го доби овој дуел, успеа да ја победи Горица со еден погодок. Автоголот на Дока го реши натпреварот, но тој беше навистина бизарен и ретко виден. Во обид да нафрли, Мубанџе го погоди Дока и топката летна кон голот.
- Погледнете го бизарниот автогол:
Бидејќи топката имаше чудно ефе, го измами голманот Баниќ кој мислеше дека ќе оди над пречката, а потоа падна и од стативата заврши во мрежата. Без сомнеж, ова беше еден од најбизарните автоголови во историјата на фудбалот.