• Иван Димовски

На стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, Динамо Загреб направи огромен подвиг и го победи Челзи на „Максимир“ со 1-0. Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа дел од победничкиот состав, се бореа до последниот атом на силите и запишаа една од најголемите победи во клупската историја.
Покрај тоа, интересен е податокот дека Динамо Загреб успеа да направи „успех“ каков што нема ниту еден друг европски клуб. Имено, загрепчани имаат победи во Европа против четирите најголеми клубови од Лондон. Се работи за Челзи, Арсенал, Тотенхем и Вест Хем.
Динамо така е единствениот кој го „покорил“ Лондон во европските натпреварувања. Во следната рунда пред „модрите“ е нов предизвик, бидејќи гостуваат кај италијанскиот првка Милан.