• Горан Упале
Хрватскиот фудбалски шампион, Динамо Загреб, пред извесен период се реши да сврти нова страница во својата клупска историја и на местото тренер на првиот тим го назначи Фабио Канаваро.
Италијанскиот стратег, кој барем засега е многу попознат од своите играчки денови, веќе работи во новата средина и наводно им го поднел првиот извештај на челниците на раководството на клубот. Во истиот имало имиња на играчи кои му требаат во неговиот ростер, но и играчи кои мора да останат. Меѓу нив е и македонскиот бек Стефан Ристовски.
Хрватските медиуми пренесуваат дека Динамо Загреб веќе подготвува нов договор за Македонецот и со тоа клубот ќе ги задржи сите свои сенатори - Петковиќ, Адеми, Теофил, Мишиќ...
„Модрите“ веќе донесоа двајца играчи оваа зима. Ника Галешиќ беше доведеб од директниот конкурент Риека, додека Бартол Фрањиќ пристигна на позајмица од Волфсбург.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.