ВИДЕО: Динамо му покажа заби на Виљареал, но остана со празни раце

Динамо Загреб може да жали, затоа што во меч во кој не беше надигран на домашен терен загуби од Виљареал (0-1) и ќе мора да бара следна фаза во Лигата на Европа по потежок пат, тоа е на гостувањето во Шпанија.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот во кој играат двајца македонски репрезентативци - Аријан Адеми и Стефан Ристовски (и двајцата беа стартери и на терен минаа 90 минути) одигра доста храбро. Не се исплаши хрватскиот шампион од „жолтата подморница“ и може да жали затоа што го загуби овој дуел на „Максимир“.

Голот вреден победа за Виљареал пристигна по едно невнимание во казнениот простор, кога Теофил-Катеран играше со рака, а одговорноста ја презеде најдобриот стрелец Морено и во 44. минута го надмудри Ливаковиќ за го донесе посакуваниот резултат за гостинот од Шпанија.

Динамо Загреб инаку пред да прими гол имаше две добри шанси, а исто така и еден поништен погодок поради минимален офсајд во 26. минута. Исто така, две добри прилики пристигнаа и на стартот на вториот дел, а една од нив беше за Стефан Ристовски, кој влезе од десната страна, се најде во добра позиција за шут, ама биеше млако во рацете на Рули.

Реваншот меѓу Виљареал и Динамо Загреб во Шпанија е закажан на 15 април, а победникот од овој двомеч ќе се соочи со Арсенал или Славија Прага.