ВИДЕО: Динамо Москва доминираше, ама Химки со еден гол ги освои бодовите

Фудбалерите на Химки го изненадија Динамо Москва и со минимални 1-0 ги освоија трите бода во средбата од деветтото коло на руската Премиер лига. Иако гостите од Москва беа фаворит и доминираа, еден погодок го реши дуелот. 

  • Погодокот на Химки за 1-0:

Резултатот беше отворен со единствениот погодок на средбата уште во 19. минута. Акција која започна од левата страна и продолжи со пас до Александр Ломовитски, кој шутна и изнуди одбрана од противничкиот голман, но налета на одбиената топка и со многу среќа ја смести во мрежата за 1-0. 

Динамо притискаше и правеше шанси, а има за што да жали бидејќи Скопинтсев пред паузата промаши изгледна шанса кога од близина го префрли голот на Химки. 

Во продожението домаќинот стигна и до втор погодок, но истиот веднаш беше поништен поради прекршок претходно во акцијата за голот. Московјави се закануваа преку Грулев и Сли, ама никако не успеаа да го пронајдат патот до мрежата на Лантратов и мораа да се помират со поразот на крајот.