• Горан Упале
Сагата во Хрватска наречена титула продолжува. Динамо Загреб разочара во најлош момент и испушти бодови против Локомотива и возбудливата борба ќе продолжи до последното коло.
Се чинеше дека пред последните две кола загрепскиот гигант сепак ќе ја одбрани титулата, но Локомотива повторно ги искомплицира работите. Динамо одигра 1-1 со својот градски ривал и сега е изедначен на табелата со Ријека со по 62 бода и натпревар повеќе.
Сè помина добро за „модрите“ во првото полувреме. По неколкуте полушанси, Куленовиќ постигна гол од пенал во 39. минута за водство од 1-0. Во вториот дел фудбалерите на Динамо имаа иницијатива, но не успеаја да постигнат втор гол што ќе им обезбедеше три бода и се случи спротивното. Се играше 73. минута кога Горичан го израмни резултатот и предизвика конфузија во тимот на Динамо. Актуелниот хрватски шампион имаше играч повеќе од 85. минута, но не успеа да го искористи тоа и да стигне до посакуваната победа.
- Извештај од натпреварот:
Со овој кикс на Динамо, Ријека уште утре може да стане нов шампион на Хрватска, но за тоа да се случи ќе мора да слави на гости кај Хајдук.
ФОТО/PHOTO: Pixsell