ВИДЕО: Динамо Киев обезбеди европска пролет, Спартак шокиран од Рапид

Украинскиот шампион Динамо Киев ја обезбеди нокаут фазата на Лига Европа, со победата во Казахстан против Астана со 0-1, во првиот натпревар од петтото коло на групата К. Стрелец на единствениот гол за екипата од Украина беше Бенџамин Вербиќ во 29. минута.

Во вториот денешен натпревар од петтото коло во оваа група, Јаблонец вечерва во 21:00 часот го пречекува Рен.

Во Москва, рускиот шампион од пред две сезони, Спартак на Масимо Карера ги загуби своите шанси за пролетните натпревари, откако загуби пред своите гледачи против Рапид Виена со 1-2.

Бразилецот Зе Луис во 20. минута ги доведе Русите во водство, а Мерт Мулдур на десетина минути до крајот го израмни резултатот. Филип Шобесгергер во последната минута донесе целосен пресврт и сега Рапид има своите опции за пласман најмалку на второто место во групата. 

Во вториот натпревар од оваа група Г, вечерва на „Ајброкс“, Ренџерс на Џерард го пречекува шпанскиот претставник Виљареал.