ВИДЕО: Динамо Киев е нов шампион на Украина

Фудбалерите на Динамо Киев на три кола до крајот во украинскиот шампионат и официјално ја освоија својата 28. титула. За тимот на Сергеј Ребров денешната титула првак на Украина е втора во серија.

По денешната победа над Ворскла со 1-0, Динамо Киев има 7 бода предност пред Шахтјор Доњецк. Титулата ја слават, бидејки во последното коло требаше да играат против Металург од Запорожје, кој не се натпреварува повеќе во лигата, па сите тимови го добиваат тој натпревар со службени 3-0.

Победата на денешниот натпревар ја донесе Мораеш во 31. минута, а новата титула значи и прекин на повеќегодишната доминација на тимот на Шахтјор Доњецк.