ВИДЕО: Динамо Киев е на еден чекор до групите во ЛШ

Украински Динамо Киев го искористи домашниот терен и славеше над холандски АЗ Алкмар (2-0) во рамки на квалификациите за пласман од Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Некогашниот украински гигант е на чекор до групите затоа што до таму го дели еден двомеч. Ако досега се играше по еден натпревар, во плеј-офот ќе се игра по стариот систем, тоа е дома-гости, за да биде поинтересно.

По првото полувреме без голови, мечот на Олимпискиот стадион во Киев го даде победникот со два гола во мрежата на холандскиот претставник. Прво Родригез по асистенција на Бујалски реализира во 49. минута, за конечниот епилог да го постави Шапаренко пред самиот финиш.

Динамо Киев ќе води борба за групите во Лигата на шампионите со подобриот од натпреварот меѓу Гент и Рапид Виена.