Динамо ја победи Ријека, Хајдук се „лизна“ – трката за титулата во ХНЛ ќе биде спектакуларна! 

Фудбалерите на Динамо Загреб ја совладаа Риjека во дербито од 32. коло од Хрватската национална лига (1-0) и се приближија до Хајдук и денешниот ривал во трката за шампионската титула. Победничкиот гол за актуелниот шампион го постигна Марко Пјаца во 13. минута од натпреварот.

Хајдук неочекувано се „лизна“ на гостувањето кај Осијек и загуби со 2-0. Така, на четири кола до крајот на сезоната, тимот од Загреб е еден бод зад Хајдук и Риека, што е најава за супер-возбудлив финиш на хрватскиот шампионат.

  • Хајдук - Осијек 2-0:

Во следното коло љубителите на фудбалот во Хрватска, а и пошироко, можат да очекуваат вистински спектакл, бидејќи ќе се игра големото хрватско дерби, веројатно дуел за титулата – Хајдук ќе го пречека Динамо Загреб на „Пољуд“.