ВИДЕО: Динамо ја надигра Бенфика, Интер промаши пенал во Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт и Интер патникот во четвртфиналето на Лига Европа ќе го решаваат на „Џузепе Меаца“, откако првиот натпревар одигран во Германија заврши со почетните 0-0.

Лучијано Спалети и на денешниот натпревар настапи без Мауро Икарди, но во првиот дел неговите пулени имаа доминација, но истата не ја крунисаа со погодок. Најголемата шанса ја имаше Марсело Брозовиќ, кој во 22. минута не реализира пенал. За домаќините најдобрата можност во првиот дел ја креираше Лука Јовиќ, но неговиот удар беше блокиран од одбранбените фудбалери на Интер.

Вториот дел започна со погодок на Ајнтрахт, но истиот беше оправдано поништен поради офсајд. Германците имаа повеќе од играта, но нивните обиди завршуваа некаде пред шеснаесетникот на Хандановиќ. Костиќ, Хелер и Јовиќ не беа најприсебни и во играта на Германците недостигаше само гол.

Динамо Загреб запиша нова голема победа во рамките на Лига Европа, откако во првиот четвртфинален натпревар на „Максимир“ ја совлада Бенфика со 1-0 (1-0).

За загрепчани поради повреда во составот не настапи македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми. Стрелец на водечкиот погодок за Динамо Загреб беше Бруно Петковиќ, кој во 38. минута успешно го реализира пеналот, кој беше досуден по стартот на Рубен Диас.

Во вториот дел португалскиот тим имаше повеќе од играта, но „модрите“ одлично се бранеа и сосема заслужено запишаа нова голема победа.

Реваншите во најмасовното европско клупско натпреварување се за седум дена.