• Горан Упале

Фудбалерите на Динамо Киев и Клуб Бриж одиграа без победник, 1-1 во првиот натпревар од нокаут фазата во Лига Европа.
Двата гола на „Олимпискиот стадион“ во Киев беа постигнати во второто полувреме и тоа за само пет минути разлика. Прво, домашниот тим поведе преку Бујалски, кој во 62. минута го искористи додавањето на Миколенко, но гостите во 67. минута благодарение на Мехеле се изборија за големо реми, кое може многу да им значи на реваншот во Белгија.
Овие два гола практично беа првите и последните реални шанси за двата тима и единствените удари кон противничкиот гол. Бриж играше поконкретно во поголемиот дел од дуелот, напаѓаше и повеќе ја сакаше победата, но на крајот му недостасуваше концентрација.
- Извештај од натпреварот:
Реваншот во Белгија, кој ќе го даде патникот во осминафиналето, е закажан за следната седмица.