Динамо и Спартак во клинч за потписот на Стефан Ристовски

Стефан Ристовски и Спортинг имаат договор до наредното лето. Засега нема никакви најави за продолжение на соработката, па тоа ја отвора можноста македонскиот дефанзивец да менува играчка средина.

28-годишникот прикажува одлични настапи и во клубот и во репрезентацијата на Македонија. Тоа му носи интерес од два руски гиганти, Спартак и Динамо Москва.

Наводно двата клуба се подготвени да преговараат со тимот од Лисабон околу ангажманот на Ристовски. Неговата вредност според последните проценки изнесува три милиони евра.

Минатата сезона десниот бек одигра 21 натпревар за Спортинг и запиша три асистенции. Во дресот на македонската репрезентација е стандарден првотимец.

Наводно, тренерот Рубен Аморим не бил задоволен од залагањето на Ристовски на еден од тренинзите. Поради тоа одлучил тој да не биде прва опција за десната бековска позиција.