ВИДЕО: Динамо и Адеми останаа без победа, Сигер е јунакот на Ференцварош

Екипата на Динамо Загреб не успеа да ја запише посакуваната победа пред својата публика во првиот натпревар од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите, откако одигра 1-1 против тимот на Ференцварош.

Натпреварот на „Максимир“ започна како што посакуваа домашните фанови, откако на првата радост чекаа само седум минути. Еден од најдобрите поединци на последното младински Европско првенство, Даниел Олмо Карвахал повторно ги покажа своите квалитети и донесе водство за хрватскиот шампион. 

  • Извештај од натпреварот: 

Шпанскиот офанзивец по додавање од нашиот репрезентативец Аријан Адеми направи слалом во гостинскиот казнен простор и рутински ја смести топката во мрежата на Унгарците за 1-0 за Динамо Загреб. И покрај водството „,модрите“ продолжија со одличната игра, но немаа среќа во завршницата. Во последните минути од првиот дел голема шанса за 2-0 пропушти Хајровиќ. 

Сепак, во вториот дел тежиштето на играта се премести на половината на домаќините. Од минута во минута Ференцварош сè посериозно се заканување, а тоа вроди со плод во 60. минута, кога конечните 1-1 ги постави Давид Сигер. Само неколку минути по израмнувачкиот погодок, Хајровиќ повторно беше во центарот на вниманието, но ниту од вториот обид не успеа да ја стресе гостинската мрежа, овој пат погодовајќи ја пречката.

Адеми ги одигра сите 90 минути за хрватскиот тим, додека Стефан Спировски сè уште не е 100% подготвен за настап и беше надвор од стројот на Ребров. Реваншот во Унгарија на програмата е по седум дена.

Од денешната програма на третото квалификациско коло на Лигата на шампионите екипата на Карабаг приреди изненадување во Кипар, откако со 1-2 славеше над шампионот АПОЕЛ. 

  • Извештај од натпреварот: