• Саше Љолес
Трката за шампионската титула во Хрватска е во полн ек и како ретко досега е навистина занимлива и интересна до самиот крај на првенството.
Бранител на тронот е Динамо Загреб, но „модрите“ не се во најдобра позиција и заостануваат четири бода зад водечките Ријека и Хајдук Сплит, а до крајот на сезоната остануваат уште пет кола.
Битката е навистина неизвесна, а тоа се потврдува и со фактот што сите три фаворити минатото коло загубија без ниту еден постигнат гол, што дополнително говори колку оваа сезона може да биде непредвидлива.
Динамо Загреб во следнит две кола ќе се соочи со директните конкуренти за титулата, па тука се очекува нештата да станат појасни кога се во прашање нивните шампионски амбиции.
32. коло:
Осијек - Хајдук, Динамо - Ријека
33.коло:
Хајдук - Динамо, Ријека - Горица
34.коло:
Шибеник - Ријека, Динамо - Славен Белупо, Горица - Хајдук
35. коло:
Локомотива - Динамо, Хајдук - Ријека
36. коло:
Динамо - Вараждин, Ријека - Славен Белупот, Шибеник - Хајдук.
Екипата на Хајдук се чини дека има мала предност затоа што ќе ги одигра двете големи дербија на домашен терен, но и тоа не мора ништо да значи во конечниот пласман. Едно е сигурно, љубителите на хрватскиот фудбал ќе имаат можност да проследат исклучително возбудлива завршница на шампионатот.