Динамо горд на Ристовски: „Како навистина изгледа Риле кога го носи светиот дрес“ (ФОТО)

Eкипата на Динамо Загреб викендов извојува важна победа над Хајдук во домашниот шампионат, а нашиот поранешен репрезентативец Стефан Ристовски беше во фокусот на „Пољуд“, откако големото славје го прослави на трибини, заедно со најверните фанови на загрепчани. 

Покрај тоа, по натпреварот на социјалните мрежи се појави фотографија како нашиот бек слави со стегнати тупаници, а медиа-тимот на Динамо Загреб направи оригинална споредба на Македонецот со херој од популарниот анимиран филм – Драгон Бол.

„Како навистина изгледа Риле кога го носи светиот дрес“, стои во објавата на клубот.

Динамо ја зазема втората позиција во хрватскиот шампионат со 57 бода, пет бода помалку од лидерот Ријека.

Состави

Џенаро Гатузо

4-5-1

    Фабио Канаваро

    4-4-2