Динамо го потврди милионскиот трансфер, на „Максимир“ пристигна и засилување од Волфсбург

Динамо Загреб го потврди големиот трансфер кој се најавуваше претходните денови. Нико Галешиќ стана нов член на хрватскиот шампион. За услугите на овој 23-годишен дефанзивец клубот од „Максимир“ плати три милиони евра, а тој во Динамо доаѓа од ривалот Риека.

Загрепскиот клуб утрово претстави уште еден нов фудбалер. на „Максимир“ се врати Бартол Фрањиќ, како позајмен фудбалер од германски Волфсбург. Во првиот дел од сезоната беше на позајмица во Шахтјор, а сега се враќа на „Максимир“.

„Драг Бартол, добре дојде назад во својот дом!“, порачаа „модрите“ на својата официјална веб-страница.

Фрањиќ трипати беше шампион на Хрватска со Динамо Загреб, а учествуваше и во незаборавната победа над Тотенхем со 3-0 за влез во четвртфиналето во Лига Европа во пролетта 2021 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.